ЕКСПОБитола, како најсериозното саемско случување кое нуди можност на едно место да ги претстави сите домашни и странски деловни субјекти, оваа година го одбележува своето јубилејно петто издание.
ЕКСПОБитола нуди можност за искористување на економските потенцијали и можности што Ви ги нуди поширокиот регион и проширување на Вашиот бизнис.
Презентирањето на своите производи и услуги пред целна група за која директно се заинтересирани изложувачите, несомнено говори за оправданоста да се учествува на едно вакво саемско случување.
ЕКСПОБитола дава исклучително поволна можност за воспоставување нови бизнис релации и обнова на веќе постоечките.
Во рамките на стручно-едукативниот дел на манифестацијата може да вршите промоции на нови производи и услуги, демонстрации, трибини и тркалезни маси на актуелни состојби во одредени стопански области.
Искористете ја можноста за директни бизнис средби со фирми од соодветна област и регион и развивање на Вашиот бизнис.
Во рамките на саемот ЕКСПОБитола 2006 беше одржана средба на бизнисмени од регионот Битола-Кожани-Корча на која присуствуваа македонски компании кои работат во областа на земјоделско-прехранбениот сектор и соодветен број на партнери од регионот на Кожани (Република Грција) и Корча (Република Албанија).
Средбата беше организирана од Регионалната стопанска комора од Битола во соработка со проектите на германската техничка соработка: ГТЗ МАФП и ГТЗ ЕУРЕГИО, Трговската и индустриска комора од Кожани со поддршка на Центарот за интер-балканска соработка од Кожани и Трговската и индустриска комора од Корча поддржана од Агенцијата за регионален развој на Корча.
ЕКСПОБитола како саем за поддршка на развојот на интеркомуникацијата и соработката меѓу сите деловни субјекти прераснува во БАЛКАНСКИ САЕМ со ротирачки карактер во однос на местото на одржување, и тоа секоја последователна година ќе се одржува во Битола, Кожани и Корча.
Неговото време и развој е на повидок!
Очекуваме оваа година да се одржат средби помеѓу регионалните комори и бизнис средби на стопанствениците.
Без двоумење контактирајте нé за секоја дополнителна информација!
ОРГАНИЗАТОРИ на ЕКСПОБитола 2007:
- Скопски саем
- Стопанска комора на Македонија, Регионална комора-Битола
- Регионален центар за поддршка на претпријатија-Битола
- Б&К МАРКЕТ, експорт-импорт Битола

|