Настани Конгресен центар Дополнителни активности Press  



   
     
СКОПСКИ САЕМ
ул. Беласица 2, П.Фах 356
1130 Скопје,Р.Македонија

Тел: 02 3218 388
Факс: 02 3218 375

skfair@mt.net.mk
 
 
 
 
 
 
 
 
САЕМ НА КНИГА 2009
21. Meѓунaрoдeн сaeм нa kнигa, либрографика и биро опрема

Времетраење: 8-14.04.2009

Koнтakт:
Валентина Димитрова
проект менаџер
02 3218-351
070/226-634
dimitrova@skopjefair.com.mk


Рада Спасовска
главен архитект
02 3218-311
070/392-969
spasovska@skopjefair.com.mk

Од осми до 14. април - Два саема и два концерта

ЕРА Групацијата Скопски саем неделава ќе биде дом на убавиот збор, промотор на образовните институции и организатор на два концерта - на принцот на романтиката, пијаностот Ричард Клајдерман и на балканската легенда Кемал Монтено. Во рамките на саемските манифестации, од осми до 14. април, ќе го проследиме 21. издание на Меѓународниот саем на книга и либрографика, а од 8. до десетти април се 12. Денови на образованието и кариерата. На простор од три хали, со два програмско промотивни простора, со бруто површина од 7000 м2 се представуваат 64 издавакчи куќи и 37 образовни институции од земјата и од странство.

КНИГА 2009, како 21. издание на Меѓународниот саем на книга и либрографика, се предвидува и годинава да биде водечки настан за поклониците на убавиот збор и една од најпосетените саемски манифестации кај нас. Во деновите на Саемот, посетителите, освен најновите изданија на 64 домашни и странски издавачки куќи, ги очекуваат бројни промоции, тематски средби и пригодни изложби...

КНИГА 2009 ќе се случува низ повеќефункционален простор - за информативните и промотивни активностиим на изложувачите, за прв пат на располагање е посебно уредениот атрактивен простор на Метрополис Арената. Идејата е тој да стане место на кој зборот ќе доживува низ перформанси, промоции и презентации, организирани од издавачките куќи.

На 13. април, со почеток во 19.00 часот, ЕРА Групацијата и Здружението на издавачи и книжари на РМ организираат ивент по повод доделувањето на наградите за најуспешните меѓу двата сајма.

БИДЕТЕ СО НАС НА 10 АПРИЛ НА ПРВИОТ КОНЦЕРТ НА "ПРИНЦОТ НА РОМАНТИКАТА"

Пијано суперѕвездата Ричард Клајдерман во Метрополис Арена

Француската пијанистичка суперѕвезда Ричард Клајдерман во "Метрополис арената" настапува на 10 април, петок, со почеток во 20.30 часот. Концертот на"принцот на романтиката" ќе биде гламурозен, со придружба на Гудачкиот камерен оркестар. Ричард Клајдермен се прослави со легендарната изведба на "Баладата за Аделина", а во Гинисовата книга е запишан како "најуспешен светски пијанист", со милионските тиражи на продадени над 90 милиони албуми низ светот. Албумот "Балада за Аделина" е продаден во повеќе од дваесет милиони примероци, во 38 земји во светот, а концертната снимка на кинеската телевизија ја следеа 800 милиони гледачи. Роден е како Филип Паже, а уметничкото Ричард Клајдремен го презел од баба си, која има шведско потекло. Класично пијано учел од татка си и веќе на 12-годишна возраст тргнал во парискиот Музички конзерваториум, а три години подоцна го освоил првото место на училишниот натпревар.

Покрај класичното образование, тој се свртува кон популарната музика, каде што и ја гради својата успешна кариера.

До денес има снимено над 1.200 мелодии и, како што напишал еден германски новинар, "за популаризирање на пијаното низ целиот свет, Клајдермен направил повеќе од било кој по Бетовен". Клајдермен го креирал стилот нов романтизам со репертоар кој комбинира негови оригинални композиции со класици и поп-стандарди. Со таков репертоар, познат на нашата публика, иако никогаш досега не концертирал во Македонија, ќе настапи и во петокот. Цената на билетите е од 1.200,00 до 3.000,00 денари. Организатор на концертот во Скопје е ЕРА Групација Експо медија, која беше организатор и на концертот на Кад би био Бијело Дугме.

ЕРА Групација Скопски Саем
Expo Media

САЕМ НА КНИГА

- Општи информации
- Програма
- Пријави
- Изложувачи
- Галерија