|
|
VIDEO
Конгресен Центар
Скопски саем покрај саемските манифестации нуди најразличен вид на содржини кои го прават место на кое се среќаваат бизнисот, културата, потрошувачите, забавата и така натаму.
|
 |
Идеално место за одржување на средби, конференции, промоции и семинари од бизнис, владиниот и невладиниот сектор го прават одличната местоположба во градот, професионалниот тим како и високотехнолошки опремениот простор.
Фактот дека времето секојдневно станува се поскапо за секого е причина што Скопски саем за своите клиенти оформи професионален тим кој успешно го решава проблемот на планирање и организирање на секој вид настани, за сите оние за коишто ивентот претставува најзначаен канал за комуникација со својата целна група. Во интерес на Вашето време, Конгресениот центар ќе ви обезбеди кетеринг услуга, хотелско сместување, протокол во согласност со вашите потреби. |
|
Локација, која бренд - ориентираните компании нема да ја избегнат е Скопски саем. Изложеноста на една од најфрекфентите сообраќајници во градот како и можноста за видливост пред 1.000.000.00 посетители годишно го прават еден од најатрактивните медиуми во главниот град на РМ.
Халите со капацитет од 5, 000 – 10, 000 луѓе се единствени од таков вид во РМ што на посетителите на концерти, забави и друг вид на забавни збиднувања им овозможува да уживаат во познати имиња од естрадата. |
Лоцирани подалеку од населено место, а сепак близку до центарот на градот со доволен паркинг простор, одењето на концерт е задоволство како за жителите на градот така и за оние кои доаѓаат од другите делови на земјата и регионот.
Од левата страна на влезот во Управната зграда се наога модерен ресторан од отворен тип со работно време од 08-23 часот.
Инфо - центарот на Конгресениот центар при Скопски саем работи секој ден од 08:00 часот наутро до 16:00 попладне, додека временската реализација на настани е по желба на самиот клиент.
Контакт:
Сашо Колчаковски
02 / 3218 312
070 / 306 398
mbc@skopjefair.com.mk |
|
|