|
|
АРТ САЛОН
Просторот на реновираното фоаје во приземјето на Управната зграда на СКОПСКИ САЕМ воедно е и АРТ САЛОН. Блескавиот мермерен под, млечно белите зидови и квалитетното осветлување просто мамат организирање на разни изложби, поетски читања, мали модни ревии, саемски манифестации од помал карактер, како и свечени отворања на постоечките саемски манифестации вклучувајќи ги и коктелите.
|
|
|
Предност е дека случувањата може да се комбинираат: свечено отворање на некоја саемска манифестација (со озвучување, мал камерен бенд или друга интересна програма) пропратено со коктел, а во АРТ САЛОНОТ е во тек изложба. |
|
|