Економски факултет – Љубљана и CISEF, на Скопски саем, со свој Регионален центар за професионално усовршување
На Скопски саем, под водство на Универзитетот во Љубљана, поточно Економскиот факултет и Центарот за професионално усовршување и советување - CISEF, за првпат се одвиваат специјалистички дводневни семинари наменети за професионално доусовршување на стручни кадри. Наставата се одвива во просториите на Конгресниот Центар на Скопски саем.
Конзорциумски магистерски студии по менаџмент
Во Скопје, втора година по ред се одржуваат Конзорциумски магистерски студии по менаџмент. Тоа се првите студии кои се одржуваат во Република Македонија и регионот организирани од страна на државниот Универзитет од Република Словенија.
Конзорциумските магистарски студии (КМС) се специјализирани постдипломски студии во овој дел на Европа. Нивната основна карактеристика е здружување на компании / банки во конзорциум, со цел да склучат партнерство со Економски факултет при Универзитетот во Љубљана и да оформат група на стручни соработници за време на двегодишни магистарски студии. На тој начин претпријатијата и банките интензивно учат едни од други. Цел на студиите е да им се овозможи на претпријатијата/банките и на поединците истовремено придобивање на современо менаџерско знаење, така што, со зголемување на нивните способности би се постигнало ефикасно остварување на стратешките деловни и лични цели.
Студиите имаат два смера: финансии и маркетинг.
Постдипломските студии траат две години и секој модул трае два до три месеци. КМС се организирани на начин кој на студентите им овозможува да бидат присутни на своите работни места во поголемиот дел од работната недела и во исто време директно да го имплементираат стекнатото знаење.
По завршување на студиумот студентите се здобиваат со диплома магистар по економски науки, која е акредитирана од Министерството за Образование на Република Македонија и која е призната во Европа.
КМС во Македонија ќе се изведува под организациско водство на CISEF (Центар за менаџмент, развој и тренинг при Економскиот факултет во Љубљана). Студиите во Македонија се одвиваат во Мулти бизнис центарот на Скопски саем, кој е регионален организатор.
Студиите се изведувани од професори од Економскиот факултет при Универзитетот во Љубљана, гости професори од економски факултети од странство и локални експерти од Македонија. Во предавањата се вкулучени и гости - предавачи од деловната и банкарска сфера во Македонија. Водач на програмата на стидиите е проф. д-р Јанез Прашникар од Економски факултет од Љубљана.
Првата генерација ја сочинуваат 15 студенти, од кои 11 се од Македонија и 4 од Косово.
Инвестирање во конзорциумските постдипломски студии во Република Словенија претставува редовна пракса меѓу претпријатијата. Доказ за тоа е постојаното учество на компании како ГОРЕЊЕ, КОЛЕКТОР, ИСКРА со свои студенти/вработени во ваков вид на конзорциум. Ова го потврдува и фактот дека инвестирањето во образование на вработените е еден од најважните елементи за да се биде најдобар на пазарот. |